Четири хотели се градат во Малеш

Bez autora
Jan 28 2014

Четири хотели, по два во Берово и во Пехчево, во моментот се градат во двете општини, со што се очекува значително подобрување на туристичката понуда на Малешевијата. Два хотела треба да бидат комплетно готови за оваа, а два за следната летна туристичка сезона. По долгогодишно неработење и уништување од забот на времето, некогаш убавиот хотел „Македонија“ во центарот на Берово неодамна, откако од последниот сопственик бил ставен под хипотека, беше купен од струмичката фирма „Глигоров“, која пред две седмици почна со комплетна реконструкција и доградба. Новиот сопственик најавува дека до јуни хотелот ќе биде комплетно завршен, а ќе добие сауна, базен и мини спа-центар. Во беровската туристичка населба Суви Лаки од лани друга струмичка фирма гради атрактивен комплекс со куќи во етностил, од кои дел се завршени, со спортски терени, езерца, рибник, а луксузниот хотел треба да биде завршен в година.

Четири хотели се градат во МалешЧетири хотели, по два во Берово и во Пехчево, во моментот се градат во двете општини, со што се очекува значително подобрување на туристичката понуда на Малешевијата. Два хотела треба да бидат комплетно готови за оваа, а два за следната летна туристичка сезона.

По долгогодишно неработење и уништување од забот на времето, некогаш убавиот хотел „Македонија“ во центарот на Берово неодамна, откако од последниот сопственик бил ставен под хипотека, беше купен од струмичката фирма „Глигоров“, која пред две седмици почна со комплетна реконструкција и доградба. Новиот сопственик најавува дека до јуни хотелот ќе биде комплетно завршен, а ќе добие сауна, базен и мини спа-центар. Во беровската туристичка населба Суви Лаки од лани друга струмичка фирма гради атрактивен комплекс со куќи во етностил, од кои дел се завршени, со спортски терени, езерца, рибник, а луксузниот хотел треба да биде завршен в година.

Освен двата мали хотела во туристичката населба Равна Река, во Пехчево веќе 16 години, откако беше затворен хотелот „Панорама“, нема хотелски капацитет. За два-три месеци треба да биде завршен хотелот во центарот на градот на штипската фирма „Kит-Го“, која неодамна го купи и поранешниот хотел „Панорама“, чиј последен сопственик беше скопска „Славија“.

- „Kит-Го“ веќе работи на изградба на комплетно нов хотел на истото место, во боровата шума над Пехчево. Со двата нови хотела очекуваме понатамошен развој на туризмот, за што Општината презема и многу други зафати, а наскоро очекуваме да се реши и проблемот со осветлувањето на Равна река, туристичката населба кај водопадите и изворите на Брегалница - истакна градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски.

Малата малешевска општина, во која некогаш работеа 2.400, а денес само 800 луѓе, перспективата, освен во туризмот, ја гледа и во рударството, како и во рестартирањето на фабриката за огноотпорни материјали „Бомекс“, некогашна „Црвена ѕвезда“.

- Од пред 15 дена, нов сопственик на објектите на „Бомекс“ е „Нова рефрактори“, која е во корпорација со „Фени“. Таа ќе преземе 105 од сегашните 130 работници, а со зголемувањето на производството се очекува и зголемување на бројот на вработените. Излезе проблем со отворањето на новиот рудник за бакар, откако надлежните државни институции се изјаснија дека експлоатацијата на „Kадиица метал“ не смее да се врши со методот на лужење. Но, случајот не е затворен и можеби инвеститорот ќе избере друг начин на експлоатација. Се надеваме и оти наскоро ќе се добие концесија за рудник кај селото Панчарево, каде што има утврдени резерви на јаглен - вели Поповски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik